Ракометарите на девет часа пред Украина тренираа - „брканица“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
ФОТО: Петр Стојановски
Македонија е изразит фаворит иако во таборот на селекторот Данило Брестовац владее мир, нема еуфорија, па денешниов утрински тренинг помина во релакцирана атмосфера. Ракометарите повеќе се опуштаа, отколку да се напрегаат, а главен хајлајт беше „брканицата“ во групи со повеќе ракометари фатени за раце.
Јавноста очекува денеска сигурна победа и чекор кон втората фаза од ЕП, репрезентативците ветуваат максимално залагање и остварување на целта. Дуелот е во 20.30 часот со директен пренос на Телма.





