Кавани договорил тригодишна соработка со Атлетико Мадрид
Ди Марцио откри дека Атлетико Мадрид ги договорил сите услови со Едисон Кавани, кој ќе потпише тригодишен договор.
Кавани на крајот на сезоната ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со францускиот шампион.
Уругваецот сигурно би бил многу добро засилување за Атлетико, па останува уште официјална потврда од екипата од Мадрид.