Хофенхајм тоне во криза: Аугсбург по одлично второ полувреме запиша победа (ВИДЕО)

Хофенхајм го запиша и четвртиот меч без триумф во германската Бундеслига откако загуби од Аугсбург со 2-4.

Аугсбург до водство стигна по 11 минути игра преку Макс, а Сков во 14. минута израмни на 1-1 во првото полувреме.

Во вторите 45 минути Аугбусрг повторно поведе со гол на Макс (2-1), а потоа Јенсен зголеми и на 3-1. Хофенхајм успеа да намали на 2-3 преку Локадија, но Јаго во 85. минута ги постави конечните 4-2.

Хофенхајм е на осмата позиција со 21 бод, додека Аугсбург е на 10. место со еден бод помалку.