Ристовски даде нов гол во Словачка, ама утна и пенал (ВИДЕО)
Ристовски погоди во 74-та минута за водство, а само три минути подоцна Тренчин израмни, но македонскиот репрезентативец имаше шанса за гол уште по 13 минути игра, ноод белата точка неговиот удар го спречи голманот на гостите Игор Семирнец. Сега младиот голгетер има осум гола на контото и го дели второто место на листата на стрелци со Колумбиецот Франк Андерсен Кастандела Велез, голгетерот на Сеница.
Нитра со овој бод останува претпоследна во словачката Фортуна лига, има 15, само една од последниот Похорие, а три зад Серед, каде игра репрезентативниот голман Дејан Илиев, а тренер е Славчо Војнески. Серед загуби со 1-2 од последниот Похорие и е во голема црна серија од четири порази по ред.