Арсенал ќе му го понуди Обемејанг на Реал Мадрид во замена за една ѕвезда!
Според информации на англиски медиуми, Арсенал наводно е подготвен да го понуди Обемејанг на Реал Мадрид, кој е заинтересиран да го донесе овој напаѓач како освежување за офанзивата на „кралскиот клуб“, ама за возврат да ја добие српската ѕвезда Лука Јовиќ во замена. Јовиќ дојде на „Сантјаго Бернабеу“ за 50 милиои евра летоска од германски Ајнтрахт Франкфурт.
Обидот Арсенал да го размени Обемејанг со Јовиќ доаѓа зашто преговорите за нов договор со Габонецот се стопирани после интересот на мадриѓаните за него, па лондоначни ризикуваат да го загубат идното лето, зашто му истекува договорот и ќе биде слободен играч. Затоа и ова е шанса да ќарат нешто во замена.
Покрај Обемејанг договорот на „Емирати“ му завршува и на Александре Лаказет.