Навивачите на Атлетико со транспарент за Гризман: Сакаше да направиш име, но... (ФОТО)

Барселона синоќа славеше во Мадрид против Атлетико со 1-0 со погодокот на Лионел Меси во 86. минута од мечот, но во центар на внимание беше Антоан Гризман, кој се врати на „Ванда Метрополитано“.

Гризман минатото лето се пресели во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а неговиот потег ги налути навивачите.

Французинот добиваше силни свирежи кога ќе ја примеше топката, а навивачите му посветија и интересен транспарент.

„Сакаше да направиш име од себеси, но заборави да бидеш човек“, порачаа навивачите на Атлетико.