„Газета дело Спорт“: Де Лаурентис ќе им удри „клоца“ на бунтовниците

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис подготвува ремонт на екипата следното лето, откако фудбалерите неодамна му покажаа непослушност.

„Газета дело спорт“ пишува дека претседателот на клубот планира да ги продаде бунтовниците на лето, а на некои им завршува и договорот, меѓу кои се и Хозе Калјехон и Дрис Мертенс.

Наполи ќе се обиде да го продаде и Алан, кој беше голема желба на ПСЖ, а исто така ќе замине и Калиду Кулибали, за кого е заинтересиран Манчестер јунајтед.

Првиот човек на Наполи сака да се ослободи од незадоволните ѕвезди и од собраните пари да купи нови фудбалери.