Драматичен финиш во Финска: Е. Работник остана со празни раце против Кокс
Во Финска се играше буквално гол за гол до 13. минута, по што Еурофарм успеа да поведе со 7-5, но домаќинот веднаш се врати во игра и дури успеа и да поведе. Сепак, двете екипи на полувреме заминаа со резултат 13-13.
Во второто полувреме идентична слика како во првите 30 минути. Повторно се играше гол за гол, а Кокс во 58. минута успеа да поведе со 22-21, по што Ловро Јотиќ имаше шанса за израмнување, но не ја искористи, а казната стигна во последните секунди од мечот кога домаќинот ги постави конечните 23-21.
Најдобар во редовите на битолскиот тим беше Јотиќ со пет погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Тему Таминен со шест гола.