Перо Антиќ во хуманитарна акција, им помагаше на Србите на – Косово (ФОТО)

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, деновиве е инвилвиран во хуманитарна акција за помош на српски семејства на – Косово, која се одвива во организација на движењето „Срби за Србите“.

Во склоп на оваа инцијатива, поранешниот троен европски шампион, заедно со поранешниот соиграч од Црвена звезда, Марко Кешељ, ги предаде клучевите од новата куќа на десетчлено семејство кое живее во село Коретиште крај Гњилане. Дел од овој настан беше и градоначалникот на општина Центар и неофицијално прв човек на Работнички, Саша Богдановиќ.

„Беше големо задоволство заедно со Богдановиќ да му се помогне на ова семејство во рамки на нашите можности. Ајде, сите заедно да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош. Приклучете му се на движењето Срби за Србите, и заедно со Марко Кешељ да правите големи работи. Исто така, ова е инспирација да почнеме да правиме вакви работи и во нашата убава Македонија“, напуша Антиќ на социјалните мрежи.

Претседателот на КФСМ пред извесно време беше нападнат од српските медиуми поради потпишаниот меморандум за соработка со федерацијата на Косово, држава која Србија не ја признава и сѐ уште ја смета за дел од својата територија.