Ништо од сензација во Плзен, Македонија го чека Косово во баражот за ЕП 2020! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Чешка го трасираше патот на Европското првенство наредната година, откако на домашен терен славеше против Косово со 2-1.

Иако Косово поведе во 50. минута со голот на Нухиу, сепак за целосен пресврт се погрижија Крал (71. минута) и Целушка (79. минута). Со оваа победа Чесите дојдоа до 15 бода, четири повеќе од нивниот денешен ривал, со кои обезбедија билет на ЕП. Прва во оваа група останува Англија, која вечерва славеше над Црна Гора со убедливи 7-0.

Инаку, пред натпреварот атмосферата во Плзен беше лоша, а за тоа придонесоа чешките хулигани кои ги нападнаа гостинските навивачи, но за среќа полицијата успеа да спречи поголеми инциденти.

По пропуштената шанса во квалификациите, Косово сега пласман на големиот континентален собир ќе бара преку Лигата на Нации, каде во полуфиналето ќе ги одмери силите против нашата селекција. 

На преостанатите мечеви, Англија ја демолираше Црна Гора со 7-0, Албанија изненадувачки одигра нерешено против аутсајдерот Андора (2-2), Франција со пресврт ја доби Молдавија со 2-1, Португалија запиша убедлив триумф над Литванија (6-0), додека Србија тесно славеше против Луксембург (3-2).