Десет години затвор за напаѓачот на Озил и Колашинац (ВИДЕО)

Вооружениот напаѓач, кој се обиде да ги ограби фудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац денеска беше осуден на десет години затвор. 

Ешли Смит го признал нападот и неговата намера била да ги ограби фудбалерите, кои на себе носеле скапи часовници во вредност од 200.000 фунти. Напаѓачот добро и бил познат на полицијата, бидејќи и во минатото минал одредено време во затвор и бил вмешан во други вооружени грабежи. Неговиот соучесник во нападот Џордан Нортовер исто така го признал делото, а неговата казна ќе биде дополнително донесена.

Инцидентот се случи на 25 јули годинава во Лондон, кога двајцата напаѓачи им пријдоа на фудбалерите пред автомобилот. Озил беше зад воланот, додека Колашницан пред автомобилот. Босанецот дури и се обиде со голи раце да се пресмета со напаѓачот, кој беше вооружен со нож. Напаѓачите брзо избегаа со скутерот со кој и дојдоа на местото на случката.