Реал тргнува по Стерлинг - нуди богатство и Герет Бејл!
Како што пишува британски „Скај Спорт“ шпанскиот гигант наскоро ќе испрати и официјална понуда. Од друга страна Бејл веќе изјави дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабе“, но останува нејасно дали менаџерот Пеп Гвардиола би бил заинтересиран за 30-годишниот Велшанец.
Бејл има уште три години од својот договор со „Кралевите“, а претставува товар за Реал бидејќи неговата плата е огромна.
И покрај тоа што во текот на летото го потпиша Еден Хазард од Челси за 130 милиони фунти, Зинедин Зидан продолжува да бара друга ѕвезда со која ќе го засили нападот.
Тековниот договор на Стерлинг во Сити истекува во летото 2023 година, така што челниците на тимот од Манчестер не би се откажале лесно од неговите услуги.
Гледајќи како е сега Манчестер Сити, среќен сум што сум дел од него. Ова е еден од најдобрите клубови во светот. Но, уште како дете сакав да заиграм некаде во странство, истакна неодамна Стерлинг.