Две големи ѕвезди на ПСЖ си одат како слободни фудбалери
Јасно е дека францускиот шампион не смета на двајцата искусни фудбалери за следната сезона. Силва има 35 години и најверојатно планира да се врати во родниот Бразил, но можност има кариерата да ја продолжи и во МЛС-лигата.
Кавани има доста понуди од клубови од Европа, но и тој размислува за МЛС-лигата, поточно новиот клуб Интер Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам.