Дилејни со автогол ѝ одзема два бода на својата Борусија Дортмунд (ВИДЕО)
Гостите два пати водеа, преку Аксел Витсел и Џејдон Санчо, но на крајот не победија. Андре Силва беше стрелец на првиот гол за домаќинот и израмни на 1-1, додека вториот за Ајнтрахт беше дело на гостинскиот фудбалер Томас Дилејни и тоа во 88-та минута.
Дортмунд сега е на третата позиција на табелата во Бундеслигата со 10 бода, три помалку од лидерот Лајпциг.