Буфон денеска го израмнува неверојатниот рекорд на Малдини

Џанлуџи Буфон денеска има шанса да го израмни неверојатниот рекорд на Паоло Малдини со 902 настапи на фудбалските терени. 

Голманот на Јувентус доколку денеска биде помеѓу стативите на дуелот против Верона, ќе се израмни со Паоло Малдини на вечната листа на фудбалери со најмногу настапи, односно 902.

Јасно е дека ветеранот наскоро ќе постави нов рекорд, бидејќи пред него има цела сезона. Буфон првите настапи во професионалната кариера ги направи во сезоната 1995/1996 во Парма. По шест сезони минати на „Енио Тардини“ се пресели во Јувентус, каде играше до 2018 година. Една сезона мина во дресот на ПСЖ, па ова лето повторно се врати во Торино.