Еурофарм уште не знае каде ќе биде домаќин во ЛШ, а веќе почна да продава – сезонски билети!
И додека за регионалното натпреварување веќе доби начелна дозвола да игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, за дуелите од ЛШ тоа сѐ уште е под голем знак прашалник со оглед на забелешките кои луѓето од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги имаат за битолскиот спортски објект. Пуштањето полусезонски билети, кои за првпат би биле и нумерирани може да значи дека управата на Еурофарм Работник знае нешто повеќе од јавноста околу евентуалното добивање дозвола да ги играат средбите од најелитното натпреварување во својот дом. Или, пак, тоа е направено како своевиден притисок до луѓето од ЕХФ да дозволат играње во „Боро Чурлевски“ откако полусезонските билети би биле распродадени во рекорден рок, какви што се очекувањата на луѓето од клубот.
Ваквите влезници за до крајот на годината ќе бидат пуштени во онлајн продажба денеска во 15 часот, а ќе се продаваат до 29 август.