И покрај водството од 2-0 во сетови: „Спартанците“ претрпеа нов пораз од Романија
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ одлично го отворија мечот и поведоа со 2-0 во сетови, но потоа нашата репрезентација му дозволи на противникот прво убедливо да го освои третиот сет, со кој намали, а потоа и да направи целосен пресврт.
Репрезентацијата утре се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките, а потоа следи и пријателски дуели со Шведска.