Дида по девет години се врати во Милан (ФОТО)

Легендарниот бразилски голман Нелсон Дида се врати во Милан по девет години, откако го напушти „Сан Сиро“ како играч, а сега во клубот се враќа на друга позиција.

Бразилецот на почетокот ќе работи со екипата до 17 години на клубот од Милано, а тоа ќе му послужи за напредок во следните години.

„Дида бранеше за Милан од 2000 до 2010 година и беше дел од голем клупски успех во тоа време. Сега се враќа во тимот и ќе биде тренер на голманите во екипата до 17 години“, соопштија „росонерите“.