Рабио: Буфон ми кажа многу нешта за Јувентус
Рабио дебитираше за својот нов тим со пораз од 2-3 од Тотенхем. По мечот, тој рече дека Јуве работи понапорно од неговиот претходен тим, а исто така откри кој му помогнал да ја избере „старата дама“.
Прерано е да се прави разлика помеѓу италијанскиот и францускиот фудбал, но дефинитивно е поинакво. Во однос на напорите, Италија прави многу повеќе. Кога бевме заедно со Џанлуиџи Буфон во ПСЖ минатата година, разговаравме. Тој знаеше дека нема да останам во Париз и сподели многу различни работи за Јувентус. Ми кажа дека можам овде да се развијам многу. Тој ме убеди дека ова е вистинското место за мене, откри Рабио.