Бразилецот на Јунајтед: Можам да играм како Дејвид Бекам
Станува збор за талентираниот офанзивец, кој според многумина напредувал во секој поглед, а тоа најдобро може да се забележи со фактот дека се почесто е во стартните единаесет на „Црвените ѓаволи“.
Време е за мојот следен чекор. Подготвен сум. Можам да играм како „осумка“ или „десетка“. Можам да играм на десното крило како што некогаш играше Дејвид Бекам, да влегувам од страна во средина од теренот и да дадам одличен центаршут, изјави Переира.
За време на подготовките минатата сезона под водство на Жозе Мурињо, Бразилецот беше еден од најдобрите фудбалери, но во натпреварувачката сезона не доби голема минутажа.