
Србите бесни: Албанските медиуми не објавиле збор за триумфот на Ѓоковиќ! (ФОТО)
Српските медиуми се чудат ибесно коментираат како е можно да се игнорира еден од најголемите спортски настани на светот, неофицијалното светско тениско првенство, па за триумфот на Ѓоковиќ да не се напише ниту еден збор. Успехот на најдобриот тенисер никаде не бил одбележани, ниту во Албанија, ниту на Косово, кое Србија не го признава како независна држава.
Така, пишуваат Србите, највлијателниот весник „Коха Диторе“ не објавиле ништо за машкото финале и последна вест им бил триумфот на Романката Симона Халеп во женското финале. За разлика од весникот, порталот „Телеграфи“ имал извештај, но од поинаков агол со наслов „И покрај фантастичната игра, Федерер не успеа да го освои Вимблдон“, како и изјава на швајцарската ѕвезда дека сака што побргу да го заборави овој пораз.