ПСЖ активираше „план Б“: Тухел добива засилување од Дортмунд за „само“ 32 милиони

ПСЖ не успеа да го обезбеди потписот на Матијас де Лихт, кој се сели во Јувентус, па поради тоа реши да го активира „планот Б“, па на „Паркот на Принцовите“ пристигнува капитенот на младата француска репрезентација и стопер на Борусија Дортмунд, Абду Диало.

Дортмунд направи моќен тим за следната сезона, но мораа и да продаваат некои фудбалери, па така по само една година клубот го напушта Диало, кој ќе потпише за ПСЖ за „само“ 32 милиони евра.

Иако германскиот клуб бараше 40 милиони, сепак спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо успеа да ја намали цената на 32 милиони.

Диало е дете на Монако, кој во 2017 година го продаде на Мајнц за пет милиони евра, а во следната година го купи Дортмунд за 28 милиони.