Македонија на Европските игри во Минск ќе ја претставуваат 12 спортисти
Европските игри ќе се одржат од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск и на нив ќе учествуваат 50 држави, односно околу 4.000 спортисти.
Македонија ќе ја претставуваат Емил Павлов (карате), Магомедгаџи Нуров (борење - слободен стил), Владимир Егоров (борење – слободен стил), Фати Вејсели (борење – слободен стил), Арбреша Реџепи (џудо), Владимир Малески (кајак), Борјан Бранковски (спортско стрелаштво), Андреј Петровски (велосипедизам – улична трка, хронометар), Далибор Богданов (самбо), како и боксерите, Етеми Арсим, Јасин Љама, Гоце Јанески.
Знамето на Македонија на церемонијата на отворањето на игрите ќе го носи Гоце Јанески (бокс).