Малдини доби унапредување, во Милан се врати уште една клупска легенда

Паоло Малдини е нов технички директор на Милан, а во клубот се врати и Звонимир Бобан, кој доаѓа на позицијата шеф на фудбалскиот развој во клубот. 

Хрватот одигра 251 натпревар за „росонерите“ во својата кариера и освои девет трофеи меѓу кои и Лига на шампиони во 1994 година и четири италијански првенства. 

„Пресреќен сум што се враќам во мојот сакан клуб и ќе направам се овој клуб да се врати на врвот каде што припаѓа. Милан мора да биде победнички тим, бидејќи историјата го покажува тоа и тоа е природно за навивачите. Кога Паоло ми се јави дали сум слободен, јас дојдов веднаш во неговата куќа сред ноќ. Откако зборував со Иван Газидис и ги расчистивме сите детали, работите беа многу јасни. Тука сум, во мојот град, во мојот клуб, што го сакам .Се надевам дека ќе успеам да вратам за довербата. Секако сакам да му се заблагодарам и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој иако „интериста“, беше навистина голем пријател и разбра дека не е возможно да ја одбијам оваа понуда. Форца Милан“, изјави Бобан, кој ја напушти својата позиција во ФИФА за да се врати во Милан.