Новиот изглед на тунелот на „Енфилд“ ги воодушеви навивачите (ФОТО) (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул пред две недели ја освоија Лигата на шампионите по шести пат. Тие во големото финале во Мадрид го победија Тотнем со 2-0 и на тој начин по шести пати во својата историја го подигнаа овој трофеј.

Поради тоа, променет е изгледот на тунелот на стадионот „Енфилд“ во кој се оди пред да се излезе на терен. Сега кај што пишува трофеи од Лигата на шампионите, на место пет, пишува шест. Новиот изглед на тунелот ги воодушеви навивачите на „црвените“.