„Кралот“ уште побогат: Реал Мадрид и „Емирејтс“ потпишаа рекорден спонзорски договор
Ова е убедливо најскапиот спонзорски договор на светот, затоа што досега Манчестер јунајтед добиваше 62 милиони евра годишно од Шевролет, додека лутиот градски ривал на Реал, Барселона инкасира 55 милиони евра од Ракутен. Според „Палко 23“, договорот на Реал Мадрид со „Емирејтс“ е веќе постигнат и сега се чека само на официјална потврда. Тоа значи дека во следните четири години, Реал Мадрид од авиокомпанијата ќе добие 280 милиони евра.
Инаку, „Марка“ објави дека Реал Мадрид во моментов преговара за продолжување на договорот со Адидас, германскиот концерн за спортска опрема, кој исто така би теребало да биде највисок, кога станува збор за соработка на клуб со добавувач на спортска опрема. Барселона и „Најк“ имаат договор од 105 милиони евра, кој според „Фудбал Ликс“ е 70 милиони евра спонзорство и 35 милиони од малопродажба.