Надал со господска изјава за противникот: Извини Доминик, ти си пример за сите нас...

Шпанскиоттенисер Рафаел Надал денеска ја освои 12. титула на Ролан Гарос, откако во финалето беше подобар од Доминик Тим со 3-1 во сетови.

Надал беше пресреќен по триумфот, па даде интересна изјава на сметка на неговиот противник.

„Доминик, извини. Ти си еден од најдобрите примери на турнејата. Вредно работиш и секогаш имаш насмевка на лицето, ти си добра личност. Ти благодарам за инспирацијата за мене и за многу деца во светот. Ако сакам од некого да загубам, тогаш тоа биди ти“, кажа Надал по мечот.

Да потсетиме, Шпанецот славеше со 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1 и ова му беше вкупно 18. гренслем титула во кариерата.