Финска ја совлада Канада за третото светско злато (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Финска славеше со 3-1 против Канада во големото финале на Светското првенство во Хокеј. 

 За Финците ова е трето злато во историјата на Мундијалите, а интересно е тоа што по втор пат се искачуваат на светскиот трон кога турнирот се одржува во Словачка, како и во 2011 година. Канаѓаните први поведоа со 1-0, но Финска во втората третина израмни на 1-1, а победата ја обезбеди во последниот период со два гола.

Бронзениот медал го освои Русија, која во малото финале откако на пенали беше подобра од Чешка, а натпреварот во регуларниот дел заврши 2-2.