Спортинг го совлада Порто на пенали за трофеј во Купот
Соареш постигна гол за 1-0 во 41. минута, а четири минути подоцна Фернандез израмни на 1-1, по што двете екипи заминаа на продолженија, откако во второто полувреме не беше постигнат ниту еден погодок.
Дост направи целосен пресврт во 101. минута, а во 121. минута Фелипе успеа да избори пенали за Порто, но по изведувањето Спортинг славеше со 5-4.
Да потсетиме, Ристовски денеска не настапи затоа што е суспендиран.