Мурињо го одби Јувентус поради Интер
Јувентус, наводно, на листата со желби го имаше и Жозе Мурињо, иако фаворит е Пеп Гвардиола, сепак Португалецот решил да им се заблагодари на понудата.
Мурињо не сака да го преземе Јувентус поради неговата историја со Интер. Португалецот, наводно, кажал дека поради успешното минато со „нераѕурите“ и лошите односи со навивачите на Јувентус не би можел да го преземе италијанскиот шампион.