Јувентус постигнал договор со СМС?

Сезоната во Италија се уште не е завршена, а Јувентус веќе работи на новите засилувања. „Старата дама“ според информациите и тоа како ќе го промени тимот за новата сезона, а посебно ќе има промени во средниот ред.

Италијанскиот шампион по се излгеда ќе го продаде Миралем Пјаниќ, а како негова замена го гледа српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ- Савиќ. Јувентус постигнал договор со фудбалерот и неговиот агент, а сега ќе започнат преговори и со Лацио. Контроверзниот претседател на Лацио, Клаудио Лотито за својот најдобар фудбалер минатото лето бараше 100 милиони евра, сума која тешко дека ќе ја добие од „бјанконерите“.