Валверде ја откри вистината: Преговорите со Гризман се во – полн ек!
Постојано се шпекулира дека постои група фудбалери на Барселона, кои се спротиставиле на таквиот трансфер, но очигледно управата нема нив да ги послуша.
„Вистина е дека преговорите за трансферот се почнати и се во тек. Сепак, сезоната за нас уште не е готова, имам финале во шпанскиот Куп и мора да останеме фокусирани на тоа. Кога ќе помине финалето, ќе разговараме за останатите фудбалери“, вели Валверде.
Барселона во финалето на шпанскиот Куп ќе игра на 26 мај против Валенсија.