Лацио во финишот ја урна Аталанта и го освои италијанскиот Куп (ВИДЕО)

Лацио го освои трофејот во италијанскиот Куп по победата од 2-0 против Аталанта во финалето, кое се одигра во Рим на „Олимпико“.

Двете екипи одиграа одличен меч во Рим, па создадоа по неколку шанси, но Лацио ги искористи подобро своите шанси, па Сергеј Милинковиќ-Савиќ го отвори резултатот во 82. минута, додека Кореа ја „запечати“ победата на „небесно-сините“ во 90. минута за конечни 2-0.