Пелистер имаше предност на полувреме, но Вардар славеше на крајот во Битола

Вардар одигра неизвесно прво полувреме против Пелистер во Битола, но сепак во второто полувреме го реши прашањето за победникот, па славеше со убедливи 31-24.

„Црвено-црните“ тргнаа сигурно во мечот против Пелистер, па веднаш создадоа предност од 4-1, а како минуваше времето ја зголемуваа и во еден момент таа достигна 11-7. Сепак, домаќинот заигра подобро во финишот од првите 30 минути, па успеа да замине на полувреме со водство од 15-14.

Сепак, Вардар се врати во игра на стартот на второто полувреме, па прво поведе со 22-19, па играше сигурно до крајот на мечот и ги постави конечните 31-24.

Вардар наредниот меч го игра против Бутел во сабота, а на 21 мај ќе се пресмета со Еурофарм Работник.