Милан е расположен да го продаде Донарума - за 90 милиони евра
Италијанските медиуми шпекулираат дека „росонерите“ се расположени да го продадат својот голман Џанлуиџи Донарума и тоа за неверојатна сума од 90 милиони евра.
Интерес за Италијанецот има од таборот на ПСЖ, кој е во потрага по нов голман. Неговиот агент Мино Рајола дефинитивно ќе биде расположен за трансфер, бидејќи би инкасирал фантастична сума како провозија.
Милан исто така би заработил добро и би го покрил евентуалниот минус од неиграњето во Лигата на шампионите идната сезона.