Несторовски и Трајковски одат ранг подоле: Палермо исфрлен во Серија Ц!

Поради финансиски малверзации, Палермо од денеска и официјално е исфрлен во Серија Ц, односно третиот ранг на италијанскиот фудбал. Некогаш стабилниот калчолигаш, беше пред враќање во Серија А, а денеска италијанската фудбалска федерација ги казни со исфрлување во Серија Ц.

Според информациите, Перуџа ќе ги замени Сицилијанците во плејофот за промоција во најсилната италијанска лига, а пак Венеција ќе остане во Серија Б. За овие проблеми на Палермо виновник е нивниот поранешен сопственик, контроверзниот Маурицио Замперини, кој перел пари. Палермо ќе се жали на одлуката, која тешко дека ќе биде сменета. Инаку, Серија Б оваа сезона ја започна со 19 клубови, поради голем број на финансиски малверзации на клубовите.