Ристовски се извини за глупоста: Жалам и тажен сум за тоа што се случи!
Тренерот Марсел Кајзер по мечот објави дека ќе разговара со Ристовски за да види „каков проблем има Македонецот“, зашто за него ова беше трет црвен картон во нешто повеќе од три месеци во оваа 2019 година, што е премногу за било кој играч. Ристовски сега ризикува дека можеби нема да го игра и финалето во Купот против Порто, ако дисциплинската комисија му изрече посериозна санкција за „удирање без топка“.
„До сите мои колеги и играчи на Спортинг морам да кажам дека жалам за уште една ситуација во која бев инволвиран. Верувајте ми дека длабоко жалам за тоа што се случи со Тондела и тажен сум што морам повторно да минам низ ова. Верувајте ми дека сето ова многу ме чини. Но, морам да продолжам понатаму, ви благодарам на силата што ми ја давате и верувам дека во иднина работите ќе бидат многу подобри. Сметајте на мене, зашто јас не се откажувам – никогаш“, објави Ристовски.