Вистински шампион: Ќе ја освои осмата лигашка титула во низа и тоа со три различни клуба

Артуро Видал минатото лето потпиша за Барса. Искусниот фудбалер од средниот ред веќе во првата сезона во својот нов тим ќе ја освои шампионската титула.

Веќе овој викенд Барселона има шанса и официјално да стане шампион, па Видал повторно ќе го подигне шампионскиот пехар во една од најсилните европски лиги. Овој трофеј за него ќе биде осми во низа.

Претходно, тој со Баерн освои три титули по ред во Бундеслигата, а пак со Јувентус освои четири титули во низа. Ова е навистина редок случај во светот на фудбалот. Некои од играчите на „старата дама“ имаат осум титули во низа во Серија А, но на Чилеанецот тоа му успеа со три различни клуба.