Двоен шок за Лидс: Остана без Алиоски, ама извесно и без директен пласман во Премиерлигата

Англиски Лидс ќе мора најверојатно да се бори за пламан во Премиерлигата преку плејофот, откако денеска тимот на македонскиот репрезентативец Егзијан Алиоски загуби со 0-2 кај Брентфорд, па од речиси сигурно чекорење кон елитата, за три дена се претвори во кошмарен финиш на сезоната.

Лидс имаше три бода пред Шефилд јунајтед до петокот, но неочекуваниот пораз со 1-2 од Виган дома со играл повеќе, а и денеска со 0-2 од Брентфорд го однесоа Лидс на минус три во однос на Шефилд, што значи дека во последните две кола ќе им требаат два кикса на ривалите за Лидс да обезбеди директно место цо англиската елита.

Да е малерот поголем, Алиоски се повреди уште во 12 минута и првите проценки кои ги објавија англиските медиуми е дека македонскиот лев бек има повреда со која практично ја заврши сезоната. Алиоски имал „извртено колено“, што не е наивна повреда, па сега лекарските прегледи треба да покажат колкав период на рехабилитација и пауза го очекува.

По 44 кола, на две рунди до крајот, Лидс има 82 бода, Шефилд јунајтед 85, а лидерот Норич 88. Сооглед дека Лидс и Шефилд имаат идентичен меѓусебен скор, по една победа со 1-0, Шефилд има подобра гол-разлика (74-39) наспроти таа на Лидс (70-46).