Дилери шверцувале дрога со автомобил регистриран на познат фудбалски судија!?
Интересно еден од дилерите бил „лажниот Трипен“, кој успеал да го регистрира автомобилот на име на познатиот судија. Нормално, документите биле фалсификувани, а откако биле уапсени, службите веднаш заклучиле дека се работи за измама со идентитет и дека судијата не е вклучен во некаков нелегален бизнис, зашто лажни биле податоците на датумот на раѓање, а и сликата на дозволата не одговарала на вистинскиот судија.
Клеман Трипен е роден на 16 мај 1982, додека дилерот со такво име имал докумен заведен со датум на раѓање на 14 мај 1982. Токму уапсениот лажен судија бил водач на криминалната група.
Во рацијата освен големо количество на марихуана, насади за марихуана, кокаин биле пронајдени и пари и рачни часовници во вредност од 1,2 милиони евра, но и многу оружје. Во автомобилите имало ракетен фрлач, митралези, неколку автоматски пушти.
„Јас ви велам дека светот на судиите е опасен, вие не верувате“, рекол Трипен, кога го пршале новинарите околу оваа афера.