Надал лесно се справи со Димитров, Ѓоковиќ го преслуша Фриц
Вториот тенисер во светот единствениот потежок период го имаше во средината на првиот сет, кога по направениот брејк за 3-1, дозволи противникот да намали на 3-4.
Сепак, Шпанецот во финишот на сетот му покажа кој е „кралот на земјена подлога“, па лесно стигна до 6-4, по што во вториот сет немаше воопшто дилема за победникот, откако Надал стигна до 6-1.
Од друга страна, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфинале, откако славеше со убедливи 6-3 и 6-0 против Тејлор Фриц.