Русинката Улијана Тригубчак е заштитно лице на втората најсилна хокеарска лига, руската КХЛ, а навивачка е на Салват Јулаев од УФА. Жешката чирлидерка, која е неверојатно секси и ги собира воздишките од бројните следбеници на социјалните мрежи им ветила на хокеарите на својот омилен клуб дека ќе се соблече гола ако стигнат до финалето.
И очигледно мотивацијата кај хокеарите на Салват пораснале уште повеќе, затоа што тие веќе се во финалето, а дотаму стигнаа со голема победа против еден од главните фаворити за круната – тимот од Екатеринбург. Славеа над Автомобилист со 4-1.
„Сакам да ги поддржам. Знам дека можат да ја освојат титулата. Наскоро ќе дојдат и фотографиите“, рекла Улијана.
Сега сите со нетрпение чекаат да ја видат преубавата и секси Русинка како од мајка родена. А, таа на Твитер веќе побарала – фотограф.
„Барам фотограф за голи фотографии. Прашувам за пријател“, напишала.
Не и е првпат да се разголи, но овојпат ќе треба да покаже сè.