Црна Гора со гол во финишот ја совлада Македонија (ВИДЕО)

Ракометарките на Црна Гора во самиот финиш постигнаа гол вреден победа на пријателскиот дуел против Македонија. Гостинските славеа со 22-21 на првиот од двата тест-дуели во рамки на ЕХФ неделата.

Возбудлив натпревар се одигра во скопската сала „Автокоманда“, во првото полувреме силите беа израмнети, се играше гол за гол, па на петнаесетминутниот одмор се замина со нерешен резултат 13-13.

Македонија подобро го започна вториот дел, избраничките на Симе Симовски се одлепија на два гола предност (20-18), a потоа во 49 минута имаа и највисоки плус три (21-18),  но од тој момент како да потклекнаа, па Црногорките заиграа многу подобро и со подобар финиш успеаја да слават. Гостинките последниот гол го постигнаа на десет секунди пред крајот, а Македонија во завршниот напад не успеа да израмни.

Македонија и Црна Гора ќе одиграат уште еден натпревар во рамки на ЕХФ - неделата, во сабота со почеток од 12 часот.