Барселона замената за Меси ќе ја бара кај Сити!?
Германецот го „размонтираше“ својот поранешен клуб Шалке и докажа дека е спремен за големи натпревари. Според пишувањето на шпанскиот „Дон Балон“, Барса веќе подолго време го следи Сане кој блеска под водство на Пеп Гвардиола.
Сане во актуелната сезона на 37 натпревари има постигнато 14 голови и забележано 17 асистенции. Сепак, цифрата која Барса ќе треба да ја искешира за овој фудбалер е секако од трицифрен карактер, такашто трансферот е далеку од реализација.