Доминик Парис го освои Кристалниот глобус во супер-џи!

Доминик Парис, светскиот шампион во супервелеслалом, победи во финалето на Светскиот куп во Андора и по првпат во кариерата освои Кристален глобус и во таа дисциплина.

Италијанецот освои 430 бодови по седум натпреварувања, односно 84 повеќе од второпласираниот Винсент Крихмаер, па така стана втор скијач од Апенините, кој победил во оваа дисциплина на Светскиот куп.

Париз стигна до 17 победа во кариерата, па на вечната листа го стигна легендарниот Швајцарец, Франц Хајнцер, кој во период од 1983 од 1993 година постигна исто толку победи.

Во генералниот пласман во Светскиот куп, Парис е на четвртото место со 950 бодови. Пред него е Марсел Хиршер на првото место со 1508 бодови, Алексис Пантуро има 1015, а Хенрик Кристоферсен стигна до 988 бодови.