Дали е ова најдоброто забивање во историјата? Го прескокна Шекил летајќи како - Супермен! (ВИДЕО)

Годинешниот натпревар во забивање на олстар-викендот во Шарлот донесе голем број атрактивни забивања, а трофејот на крај заврши во рацете на кошаркарот на Оклахома сити тандерс, Хамиду Диало, кој ја имаше убедливо најдобрата атракција.

Потегот на вечерта беше токму на победникот, кој со таканареченото „Лакот забивање“ предизвика еуфорија во салата со оглед што со леснотија успеа да го прескокне огромниот Шекил О'Нил и потоа извесен период да виси на обрачот со раката заглавена во кошот до лакотот. На крајот, тој го искина дресот за да покаже дека под него го има костимот на Супермен, асоцирајќи дека летал како него.

 

 

Во првиот круг од ова натпреварување испаднаа Мајлс Бриџис (Шарлот) со 83 бодови и Џон Колинс (Атланта) со 82 бода, додека во финалето се пласираа Диало со 98 и Денис Смит јуниор (Њујорк) со 95 бодови. Во пресметката за трофејот, Диало собра 88 бодови, а неговиот ривал три помалку.