Нејмар се откажа од враќање во Шпанија: Бразилецот сака трансфер во Англија!?

Нејмар е надвор од фудбалските терени поради повреда, па нема да може да му помогне на ПСЖ на гостувањето во Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, а денеска во англиските медиуми актуелна беше темата за негово заминување од Париз.

Реал Мадрид и Барселона долго време беа заинтересирани за услугите на Нејмар, но очигледно Бразилецот загубил желба да се врати во Шпанија и сега сака да се пресели во Англија.

Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер јунајтед, кој е подготвен да плати неверојатни 230 милиони евра за да го донесе на „Олд Трафорд“.

Нејмар одигра досега 53 натпревари за ПСЖ и постигна 48 голови, но наводно не е задоволен во Франција во последните неколку месеци.