Таткото на Флојд Мејведер доби нокаут во спаринг-меч (ВИДЕО)

Таткото и тренер на непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер јуниор заврши на подот по нокаут, кој го доби во спаринг-меч.

Флојд Мејведер е поранешен шампион, а на 66 години во својот боксерски клуб во Лас Вегас се пресмета со уште еден поранешен шампион, 45-годишниот Рос Томпсон, но резултатот од пресметката не беше по неговите очекувања.

Томпсон со комбинација удари го турна Мејведер постариот во рингот и така го замолче.