Босанец одрал обложувачница во Германија: Со 10 евра ќарил неверојатни - 100.000 евра!
Босанецот, како што објавија германски медиуми, имал 10 евра во него и решил да ја посети обложувачницата, па одиграл лудо ливче со дури 19 меча. Сите типови му биле – да паднат најмалку два гола на меч (обложувачки кажано 2+). И успеал да ги погоди сите до една.
На крајот германската обложувачница требала да му исплати 100.000 евра што е повеќе од пристојна годишна плата дури и за Германија.