Витсел донесе триумф за Дортмунд на гостувањето кај Лајпциг (ВИДЕО)
„Милионерите“ покажаа дека сезонава ја сакаат титулата, без разлика на големата конкуренција од Баерн Минхен, па доколку продолжат вака, тогаш би можеле и да ја освојат.
Решавачкиот гол на мечот го постигна Аксел Витсел во 19. минута за конечни 1-0 и триумф на Дортмунд, па сега тие се наоѓаат на шест бода предност пред Баварците.